Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, ги искористи социјалните мрежи за да проговори околу поразот од Реал Мадрид во елиминацискиот дел од Лигата на фудбалските шампиони.
-Тоа е тежок момент, Лигата на шампионите беше голема цел за нас но, потфрливме и не успеавме. Сепак, сезоната не е завршена, ќе останеме обединети до последниот меч. Им благодариме на навивачите кои не поддржа – напиша Мбапе.
Како стојат работите, репрезентативецот на Франција верoјатно во текот на летото ќе се пресели во Реал Мадрид.