Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе се повреди на тренинг. Тоа го објавија медиумите во Франција.
Според истите, напаѓачот во следните неколку дена ќе биде подложен на детален лекарски преглед. Се уште не е јасно дали играчот ќе учествува на натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Мбапе се повреди на тренинг во понеделникот по судир со соиграч.
Во првиот натпревар, Килијан Мбапе го постигна единствениот гол во 94. минута. Реваншот од 1/8 финалето на Лигата на шампионите меѓу екипите на Реал и ПСЖ ќе се одржи во Мадрид на 9 март, а ПСЖ има резултатска предност од 1:0.