Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го одработи вчерашниот тренинг пред заминувањето за Германија на реваншот со Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
„Кралевите“ на социјалните мрежи објавија фотографии на кои се гледа како Французинот работи со соиграчите. Познато е дека брзоногиот напаѓач заработи повреда на аркадата на петочниот меч со Жирона и немаше активност во текот на викендот.
Шпанскиот тим утре ќе има тешка задача на гостувањето кај Баварците откако на првата средба загуби со 2 спрема 1.

