Младиот фудбалер на ПСЖ, Килијан Мбапе, одново проговори за односот со клупскиот колега Бразилецот, Нјемар, откако медиумите во Франција во континуитет потенцираат дека меѓу нив има несогласување.
Напаѓачот на „светците“ иако не ги демантираше таквите наводи, потенцира, дека сите играчи треба да се стават во функција на тимот и освојувањето на трофеите.
„Кога дојдов Нејмар беше супер-ѕвезда. Потоа имаше пех со повредите и не беше во посакуваната форма. Веднаш му реков дека не сакам да го заземам неговото место туку сакам да му помогнам на тимот колку што можам“ –изјави брзоногиот голгетер од – „Паркот на принцовите“.