Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, по вчерашниот пораз на домашен терен од Баерн Минхен со 1-0 во првиот меч од осмина-финалето во Лигата на шампионите, не губи надеж дека неговиот тим може да оди понатаму.
Реваншот меѓу германскиот и францускиот состав ќе биде одигран на „Алијанц Арената“ а брзоногиот фудбалер верува дека тогаш неговиот тим ќе го покаже вистинскиот квалитет.
„По деведесет минути имаме негатива. Треба да се вратиме на потребното ниво за реваншот“ – потенцираше Мбапе.