Напаѓачот на ПСЖ и на селекцијата на Франција, Килијан Мбапе, е прогласен за најдобар млад фудбалер на штотуку завршеното Светско првенство на терените во Русија.
Франција денеска во големото финале на стадионот „Лужники“ во Москва ја совлада Хрватска со 4 спрема 2 а Мбапе беше стрелец на еден од погодоците.
Напаѓачот на „галските петли“, успеа во 65 минута да го совлада голамнот Субашиќ со што стана вториот тинејџер кој постигнал гол во финален меч на еден Мундијал.