Репрезентациите на Иран и САД вечерва влегуваат во решавачката пресметка од групата Б на Светското првенство 2022 година. Иран во натпреварот влегува од подобра позиција. Персијците се на второто место во групата и реми ќе им биде доволно за да осат понатаму, освен ако Велс не извојува убедлива победа над Англија со голема разлика.
Тимот на САД, сепак, по две нерешени средби на стартот, сега мора да бара победа за осминафинале. Овој меч освен со спортски, ќе биде обременет и со политички контекст.
„Сè уште мислам дека можам да победам во овие ментални игри и напади. Се надевам дека настаните околу ова Светско првенство ќе бидат лекција за сите нас во иднина и ќе научиме дека нашата мисија е да создадеме забава и да ги направиме луѓето среќни, а не да ги зголемуваме проблемите кои се веќе непотребни“, рече селекторот на Иран, Карлос Кеирош пред средбата.
Во вториот меч во групата Англија игра со Велс и е голем фаворит за место во следната рунда. И двата меча почнуваат од 20 часот.