Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Пачука стана вториот најпосетен меч на Светското клупско првенство во САД. Во рамките на 2. коло од Групата Х, Реал славеше со 3:1.
Натпреварот го проследија 70.248 гледачи и стана втор најгледан меч на шампионатот, откако најмногу гледачи привлече дуелот на европските гиганти ПСЖ и Атлетико (4:0) каде на трибините имаше – 80.619 луѓе.
Во првите 5 најпосетени мечеви на првенството се најдоа и дуелите Баерн Минхен – Бока Јуниорс (2:1, 63.587), Реал Мадрид – Ал-Хилал (1:1, 62.415) и натпреварот на отворањето на турнирот, Интер Мајами – Ал-Ахли (0:0, 60.927).

