УЕФА размислува да го премести натпреварот помеѓу Мидтјиланд и Ливерпул во друга земја поради компликациите кои произлегуваат од ограничувањата на патувањето од Данска.
Според нив, фудбалерите на Ливерпул треба да бидат во карантин две недели по враќањето во Велика Британија по посетата на скандинавската земја. Натпреварот треба да се игра на 9 декември, но веројатноста ова да се случи на неутрален терен се зголемува. Според медиумите на островот, мечот има најголеми шанси да се одржи во Германија, бидејќи фаворит за домаќин на овој натпревар е стадионот на Борусија (Дортмунд) „Сигнал Идуна Парк“.
Тоа би значело дека менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе се чувствува како дома, бидејќи помина седум години на овој стадион.

