Денешниот натпревар меѓу Наполи и Парма би можел да биде одложен поради проблем со покривот на стадионот „Сан Паоло“.
Во текот на ноќта, силното невреме кое го зафати овој град, предизвикал оштетување на делови од кровната конструкција на стадионот и се стравува дека тоа може да предизвика предмети од истата да паднат на трибините. Средбата е закажана за денес од 18 часот.
Овој натпревар треба да биде деби на новиот тренер на Наполи, Џенаро Гатузо, кој го замени Карло Анчелоти пред само неколку дена.

