Илина и Ева Соколовски повторно редат успеси а најубавото е што ќе се натпреваруваат под македонско знаме на интернационални натпревари по ритмичка гимнастика. Илина се квалификуваше за големото германско финале во ритмичка гимнастика на 10 јуни додека нејзината сестра Ева прв пат ќе ја претставува Македонија на интернационален натпревар, кој ќе се одржина 15 јуни Будва.

„Во план ми се уште четири интернационални натпревари оваа и следната година. Натпреварите ќе бидат во Полска, Италија, Германија и Португалија. Тие ќе ми бидат како еден вид подготовка за Европското првенство на кое за прв пат ќе ја претставувам Македонија, вели Илина.
„Интернационалниот натпревар ќе сеодржина 15 септември во Будва. Ќе се натпреварувам под македонско знаме и задоволството е големо. Ќе дадам се да направам што подобри резултати и да ја претставам татковината во најдобро светло“ – потенцираше Ева.

