Сега веќе поранешната шампионка на Австралија Опен, Арина Сабаленка и ја предаде круната на Медисон Кис од САД на централниот терен во Мелбурн, каде по двочасовна битка во финалето загуби од Американката со 2:1 во сетови (6:3, 2:6, 7:5).
Девојката од Рок Ајленд, која претходно го постигна најголемиот успех на слемовите во 2017 година со пласман во финалето на УС Опен, го постигна резултатот од својата кариера. Ја освои првата голема титула во кариерата и тоа ни помалку ни повеќе, туку во дуелот со двојната шампионка од Мелбурн, која со денешниот пораз пропушти шанса да се израмни со Мартина Хингис по бројот на последователни титули на АО.

