Управите на Манчестер Јунајтед и Борусија (Дортмунд) постигнале договор за правата на Џејдон Саннчо, тврди авторитетниот „Индипендент“. Од Дортмунд се согласиле да го намалат првичниот износ на трансфер на англискиот репрезентативец и да се сложат на повисока стапка на бонуси во иднина.
Првично, „жолто-црнците“ инсистираа на 100 милиони фунти. „Црвените ѓаволи“ успеале да договорат 60 милиони фунти. Сепак, на него ќе бидат додадени мултимилионски бонуси. Некои од нив ќе бидат лесни за остварување, а други – не толку многу. На крајот на краиштата, ако сите бонуси се активираат истовремено, сумата може да ги надмине споменатите 100 милиони фунти.
Германскиот клуб сака да го реши проблемот со својот играч до 10 август, кога тимот продолжува со тренинзите за претстојната нова сезона. Џејдон Санчо постигна 17 голови и 17 асистенции на 32 натпревари во Бундеслигата оваа сезона. Во 2017 година, Борусија Дортмунд го купи од Манчестер Сити за само 7 милиони фунти.