Фудбалскиот тренер, Дејан Станковиќ, ќе добива 700 илјади евра годишно во Сампдорија. Двете страни постигнаа договор и останува само формално потпишување.
Покрај основната плата, Србинот ќе добие и дополнителен бонус од 400 илјади евра со што приходите ќе му дојдат до 1,1 милион евра. Сампдорија се наоѓа на последното место во шампионат со само 2 бода по 8 кола.
Џеновјани в сабота на 8 октомври ќе гостуваат кај Болоња.