Лионел Меси и Барселона веќе се договорија за новиот договор на Аргентинецот, објавија медиумите во Шпанија. Веста може да биде официјално објавена до крајот на неделава.
Многу е интересно и неочекувано дека рокот на новиот договор ќе трае пет години. Ова не значи дека Меси ќе игра на „Камп Ноу“ до својата 39 година. Наместо тоа, се очекува да одигра уште две сезони во Барселона, а потоа да ја продолжи кариерата во Интер Мајами. Покрај тоа, овој договор ќе стави крај на сите можни шпекулации за остатокот од кариерата на „Камп Ноу“.
Самиот Меси исто така се согласил на голем гест, бидејќи ќе ја намали платата за 50%, бидејќи е добро познато колку е тешка финансиската состојба на клубот. Различни се информациите кои се однесуваат на висината на клаузулата за предвремено заминување од клубот и таа се движи од 350 до 600 милиони евра
Најновите информации се дека во првата сезона Меси ќе добие околу 20 милиони евра за да може Барселона да ги исполни барањата на Ла Лига за структурата и плафонот на платите. Подоцна неговата плата ќе се зголеми.