Шампионот на УС Опен, Русинот Данил Медведев., по синоќешниот пласман во полуфиналето на Мастерсот во Париз, ја коментираше борбата со Новак Ѓоковиќ за лидерското место на АТП листата на крајот од сезоната.
„Не размислувам за тоа. Ако го освоев Индијан Велс, можеби ќе бев таму. Со голема веројатност Новак ќе остане прв. Тој повеќе размислува за тоа. Можеби затоа дојде овде“.
Како и Медведев и Србинот стигна и до полуфиналето во Париз и оваа недела си гарантира останување на првата позиција на АТП листата.