Рускиот тенисер Данил Медведев е новиот освојувач на УС ОПен. Во финалниот меч Медведев со 3:0 го победи првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќи освен што ја освои првата Грен Слем титула во кариерата, го запре Ѓоковиќ во походот по сторискиот 21. Грен Слем трофеј.
„Тој одигра многу прецизно. Се чувствуваше дека го изведува секој удар максимално од своите способности. Имаше тактичка сигурност. Тој совршено го исполни својот план. Од друга страна, играв под моето ниво. Нозете не работеа. Се обидов, дадов се од себе. Но, тој дозволи многу неизнудени грешки. Кога играте со човек како Медведев, која сервира многу прецизно, постојано изведува асови, добива многу лесни поени на првата топка, тогаш постојано сте под притисок на сервисот. Да бидам искрен, бев под моето ниво во се. За жал, ова е лош ден. Понекогаш победувате, понекогаш губите. Поразот е тежок, многу тежок. Но, во исто време сум среќен за него бидејќи тој е одлично момче и ја заслужува титулата. Навистина заслужено“, изјави Новак по финалето.