Рускиот тенисер, Данил Медведев, го помина Новак Ѓоковиќ на челната позиција на АТП листата. Србинот го држеше првото место од 20. јануари во 2020 година или вкупно 361 недела.
Разликата меѓу Медведев и Ѓоковиќ изнесува 150 поени. Така ќе биде до 13.март кога Ноле ќе се врати на првото место бидејќи Медведев нема да ги брани поените освоени во минатата година на турнирот во Марсеј. Еве како изгледа натаму изгледа Топ 10 листата на АТП.
Трет е Александар Зверев пред Рафа Надал, Стeфанос Циципас е на петтото место. Андреј Рубљов ја има шестата позиција, седми е Матео Беретини пред Каспер Руд, Феликс Оже и Хуберт Хуркач.