Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мега пресметка на „Ванда Метрополитано“- Атлетико против Манчестер Јунајтед
    Фудбал

    Мега пресметка на „Ванда Метрополитано“- Атлетико против Манчестер Јунајтед

    risteBy riste23/02/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипите на Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед вечерва од 21.00 часот ќе се соочат во првиот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите. Двата тима имаат само еден натпревар еден против друг и тоа пред 30 години, кога Атлетико Мадрид го елиминираше противникот во второто коло на КПК со вкупен резултат 4:1.

    Атлетико стигна до оваа фаза на турнирот по осми пат во последните девет сезони, а „црвените ѓаволи“ немаа учество од сезоната 2018/2019.

    Тренерот на домашната екипа Диего Симеоне има многу проблеми со составот. Капитенот Коке, Даниел Вас и Матеус Куња остануваат надвор од комбинација за оваа средба. Јаник Караско ќе паузира поради казна, а Лемар и Хермосо се под знак прашање. Аргентинецот ќе се потпира на брзината во нападот, каде има играчи како Жоао Феликс и Анхел Кореа. Луис Суарез и Антоан Гризман најверојатно ќе бидат на клупата за резерви.

    Вакви проблеми со тимот нема неговиот колега Ралф Рангник. Повредениот Единсон Кавани е единствениот кој не замина во шпанската престолнина. Од првата минута ќе стартува мегаѕвездата Кристијано Роналдо, кој често во кариерата погодуваше против Атлетико Мадрид.

    Против Атлетико Мадрид, Роналдо одигра 35 натпревари на кои постигна 25 гола (3 хет-трика) и даде девет асистенции. Очекувањата во двата табора се дека денеска тешко да биде решено кој ќе продолжи понатаму, а судбината на пресметката ќе биде решена дури по реваншот на „Олд Трафорд“.

    Веројатни состави:
    Атлетико Мадрид: Облак, Савиќ, Фелипе, Рејнилдо, Версаљко, Љоренте, Ерера, Конгдобија, Лоди, Кореа, Феликс.
    Манчестер Јунајтед: Де Геа, Телес, Мегуаер, Варан, Далот, Погба, Мектоминеј, Фернандеш, Санчо, Роналдо, Рашфорд.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов

    22/03/2023

    Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте

    22/03/2023

    Де Бруин е новиот капитен на Белгија

    22/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ништо од боксерскиот спектакл: Усик и Фјури не можат да се договорат
    • Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов
    • Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте
    • Де Бруин е новиот капитен на Белгија
    • Уапсен првиот човек на косовскиот фудбал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.