Ливерпул доцна вечер ќе го пречека Реал Мадрид во првиот меч од елиминациската фаза во Лигата на шампионите.
„Црвените“ и „белите“ последен пат се сретнаа во минатогодишното финале во Лигата на шампионите кога победија Шпанците со 1:0. Ливерпул е без триумф во последните шест натпревари со Реал додека „кралевите“ во претходните седум гостувања во Англија имаат само еден успех.
Според официјалниот сајт на УЕФА за Ливерпул во првата постава треба да бидат: Алисон Бекер; Александар-Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон; Хендерсон, Фабињо, Бајчетиќ; Салах, Нуњез и Гакпо. За Реал Мадрид веројатно ќе истрчаат: Куртоа; Карвахал, Едер Милитао, Рудигер, Алаба; Модриќ, Себаљос, Камавинга, Валверде, Бензема и Винисиус. Мечот ќе го суди Романецот, Ковач.