Дефанзивниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, вели дека неговиот тим мора да започне да освојува трофеи. „Црвените ѓаволи“ во штотуку завршената сезона во Премиер-лигата го освоија второто место.
„Добро се развиваме како тим и мораме полека да мислиме на победничкиот пехар во Премиер лигата. Мислам дека глупаво загубивме многу бодови и дека треба да бидеме посилни во наредната сезона“ – потенцираше Мегваер.
Екипата од „Олд Трафорд“ утре на стадионот во Гдањск во Полска ќе го одигра финалето во Лигата на Европа против шпанскито Вилјареал.

