Сигурното ново засилување во дефанзивата на Манчестер Јунајтед Хари Мегуаер ќе заработува по 9 милиони фунти годишно на „Олд Трафорд“, пренесуваат медиумите во Англија.
Од страна на Манчестер Јунајтед ќе бидат платени 80 милиони фунти на Лестер, што го прави најскапиот централен дефанзивец во светот.
26-годишниот играч ќе има 5-годишен договор со „црвените ѓаволи“. Во последната сезона, тој одигра 32 натпревари за Лестер Сити и постигна 3 гола.