Навивачите на Манчестер Јунајтед покажаа дека не се задоволни од настапите на Хари Мегваер откако тренерот, Ралф Рагник, објави дека стоперот веројатно ќе го пропушти крајот на сезоната.
– Се надевам дека ќе отсуствува не само до крајот на сезоната, туку и наредните три“, напиша еден навивач. „Тоа е најдобрата вест во сезоната“ – беа зборовите на друг фан на „црвените ѓаволи“ напишани на социјалните мрежи.
Според информациите, Мегваер има проблеми со коленото и допрва ќе треба да оди на детални лекарски прегледи.