Дефанзивецот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, вели дека новото засилување, Расмус Хојлунд, донесе многу свежина во нападот и дека станува збор за одличен фудбалер.
„ Знаевме дека има талент а сега тоа го гледаме и на мечевите. Тој ќе биде одличен играч за нашиот клуб“ – вели Мегваер.
„ На тренинзите работи максимално и се обидува да ја искористи секоја шанса кога ќе биде на теренот. Знаевме дека ќе биде успешен“ – нагласи Мегваер.

