Откако фудбалерот, Милан Шкрињар, потврди дека се договорил со ПСЖ, првите луѓе на Интер се обидуваат експресно да му најдат замена.
Бидејќи интернационалецот од Словачка очекува до крајот на зимскиот трансфер период да замине во Франција, „росонерите“ сакаат да го земат на позајмица стоперот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.
Италијанците првично сакаат да го ангажираат, Виктор Линделоф но, откако тоа не им успеа, сега се насочија кон неговиот соиграч од стадионот – „Олд Трафорд“.