Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, има поголема минутажа од било кој друг професионален фудбалер во 2020 година, покажува студијата на фудбалската опсерваторија ЦИЕС.
27-годишниот англиски репрезентативец има 4745 минути на теренот до 17 декември. Втор со 401 минута помалку е дефанзивецот Рубен Дијас од градскиот ривал Манчестер Сити додека трет е Лионел Меси од Барселона со вкупно 4293 минути.
Јунајтед има тројца играчи во топ 10 според статистиката. Бруно Фернандеш е четврти со 4164 минути а дефанзивецот Виктор Линделоф е седми. Интересно е тоа што Мегваер води на листата не само споредено со играчите во поле туку и со сите голмани.

