Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер изјави дека не му пречат критиките од навивачите, по се она што му се случува на социјалните мрежи, практично по секој негов настап на теренот.
„Не би рекол дека сум личност која страда од психолошки притисок. Поминав низ многу во последните години, бев капитен на Манчестер Јунајтед околу четири сезони. Во овој случај, вие преземате голема одговорност и се што следи – и добро и лошо. Многу размислував кога не бев во стартниот состав во првите четири кола од Премиер лигата. Сакам да играм фудбал. Првите недели беа тешки бидејќи игравме по еден натпревар неделно, а тренерот не ме избра. Но, ни претстојат многу натпревари и сигурен сум дека ќе играм многу“, вели Мегваер.
30-годишниот дефанзивец доби поддршка и од селекторот на Англија, Герет Саутгејт и од соиграчите во репрезентацијата по последниот автогол кој го постигна на пријателскиот меч со Шкотска.

