Дефанзивецот на Манчестер Ј., Хари Мегваер го изрази своето незадоволство од сезонскава минутажа која ја добива во клубот. Некогашниот капитен на тимот, одигра само 206 минути во четири натпревари на Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања оваа сезона и имаше една асистенција.
„Нема да седам овде цел живот и да играм еднаш месечно. Ако вака продолжи, ќе морам да одржам состанок со клубот и да разговарам за се. Но, да бидам искрен, во моментов сум сконцентриран на двата претстојни натпревари со Англија. Ова се два важни натпревари. Потоа мојот целосен фокус ќе биде на борбата и обидот да го вратам моето место во Манчестер Јунајтед и да му помогнам на тимот да стигне до онаму каде што треба да бидеме во лигата.
Верувам во моите способности. Секој играч кој седи на клупата мора да верува дека треба да стартува. Во спротивно нема да може да покаже високо ниво. Јас не сум исклучок“, вели Мегваер.