Англискиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд , напорно работи на неговото враќање во тимот, обајви весникот „Сан“.
Според истиот извор, Гринвуд работи повеќе од вообичаено за брзо враќање во тимот. Исто така, се потенцира дека одлуката за Англичанецот ќе донесена од страна на клубот во блиска иднина. Може или да биде испратен на позајмица или да му се даде шанса во самиот клуб.
Гринвуд ја пропушти минатата сезона поради суспензија. Во сезоната 2021/2022, младиот Англичанец забележа 24 настапи за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, во кои постигна шест гола и две асистенции.
Договорот на играчот со „црвените ѓаволи“ е со важност до крајот на јуни 2025 година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, е 50 милиони евра.