Аргентинскиот фудбалер за врска, Алексис Мекалистер, призна дека не очекувал „гаучосите“ да ја совладаат Франција и да стигнат до победничкиот пехар на СП во Катар.
„Да ме прашавте пред Светското првенство дали очекувам вакво нешто, ќе реков не. Се чувствував многу удобно со помошта на моите тренери и соиграчи. Да уживаме во овој успех“ – вели играчот на Аргентина.
„Секогаш ќе се сеќаваме на начинот на кој стигнавме тука . Веднаш по мечот пуштив солзи радосници“ – вели Мекалистер.