Алексис Мекалистер не е меѓу големите имиња во репрезентацијата на Аргентина, но неговиот гол им го донесе посакуваниот мир на „гаучосите“ во победата од 2:0 над Полска, со што селекцијата на Аргентина се пласираше во осминафиналето на Светското првенство.
„Среќен сум бидејќи одигравме многу добро. Се вративме на она што можеме. Ја чувавме топката, бевме мирни и во целина имавме одлична игра. Време беше да ги покажеме нашите вистински квалитети“, изјави играчот од средниот ред на Брајтон.
Мекалистер е третиот аргентински интернационалец со англиско потекло кој оставил свој белег на едно светско финале. Во 1974 година играше Карлос Бабингтон, а во 1986 година, кога Аргентина ја освои титулата, една од важните фигури во тимот беше Хозе Луис Браун.