Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Вестон Мекени, објасни зошто неговиот состав има проблеми кога игра со послаби клубови во домашното првенство.
„Многу е полесно да се играат мечеви во Лигата на шампионите. Таму тимови имаат класа и сакаат да се надигруваат. Никој не сака да се брани“ – вели Мекени.
„Ако играчите седат назад, тогаш е тешко да се пробие одбраната. Дефинитивно ќе мора да работиме на тоа“ – потенцираше фудбалерот на „старата дама“ од Торино.

