Нашиот кошаркарски репрезентативец, Адем Мекиќ, очекува победа на денешното гостување во Словачка во претпоследното коло во претквалификациите за место на Европското првенство.
„Можеме да го повториме резултатот од Скопје. На ова гостување дојдовме со улогата на фаворит. Атмосферата во тимот е одлична, ситуацијата е таква што ни треба победа на еден меч за да обезбедиме сигурно прво место и пласман во понатамошната фаза“- потенцираше Мекиќ.
Македонија е лидер на табелата со максимален ефект од четири победи. По денешниот дуел со Словачка, избраниците на Јoнчевски ќе заминат за Скандинавија. Таму в сабота ги очекува средбата со Норвешка.