Екипата на Дорадос де Синалоа која настапува во втората фудбалска лига на Мексико ќе направи напор да го убеди легендарниот, Диего Армандо Mарадона да го преземе кормилото во продолжението на сезоната, објавија – „ESPN Mexico“ и аргентинската телевизија – „Tuc Sports“.
Според информациите, преговорите меѓу двете страни се започнати, но, постои еден проблем. Имено, Марадона од месец јули е претседател на белорускиот sostav Динамо Брест. Пред тоа, Аргентинецот беше селектор на „гаучосите“ a ги водеше и тимовите од ОАЕ, Ал-Фуџа и Ал-Васл.
Екипата на Дорадос нема победа во сезонава и моментално се наоѓа на 13 место во мексиканската втора лига.