Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, кој се лекуваше подолг период по скршеницата на черепот, проговори за тоа што го преживеал во изминатиот период.
„Лекарите детално ме информираа за ризиците. Тоа не се работи што сакам да ги слушнам, но, тие си ја вршат работата. Ми рекоа дека е чудо што сум тука“ – вели Хименез.
„Секогаш мислев дека по рехабилитацијата ќе се вратам на теренот, не сум помислил да се повлечам од фудбалот“ – потенцираше фудбалерот на „волците“ кој неодамна се врати во игра.