Фудбалската репрезентација на Мексико ја совлада Панама со 1-0 во финалето на Голд купот. Стрелец на единствениот гол во 88. минута беше Сантијаго Хименез.
Интересно, во 33. минута Мексиканците успеаја да постигнат гол, но голот беше поништен од ВАР поради офсајд.
За Мексико ова е 12-та титула од Голд купот, што само по себе преставува турнирски рекорд. Панама по третпат стана вицешампион.