Италијанскиот фудбалски состав Аталанта на првиот ден од преодниот рок го купи репрезентативецот на Данска, Јоаким Меле, кој досега ги бранеше боите на белгискиот Генк. Иако нема детали за трансферот, медиумите на „Чизмата“ објавија дека тимот од Бергамо морал да плати 10 милиони евра за да го добие потписот на Меле.
„Јас сум динамичен играч. Исто така, сакам да напаѓам по страничните позиции“ –изјави 23-годишниот дефанзивец за веб-страната на новиот клуб.
Аталанта ја отвори годинава со убедлива победа против Сасуоло со 5:1 со што се искачи на седмото место во Серија „А“.

