Менаџерот на Вулверхемптон, Хулен Лопетеги, ќе се обиде да го ангажира фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Артур Мело, кој во изминатата сезона настапуваше како позајмен во Ливерпул.
Бразилецот соочен со многу повреди не успеа да се наметне во англискиот состав и затоа мораше да се врати на „Чизмата“.
Во исто време, луѓето од Торино не планираат да го задржат и затоа веројатно ќе го стават на трансфер листата.