Во последниот ден за трансфери се очекува реализација на еден од оние трансфери кои беа најавувани во текот на изминатите неколку месеци.
Со заминувањето на Луис Суарез од Барселона, тимот остана без класична „деветка“, затоа оваа празнина на „камп Ноу“ ќе ја пополнат со мемфис Депај кој беше големата желба на Роналд Куман.
Мемфис Депај е пред конечна преселба на „Камп Ноу“. Неговиот трансфер во шпанскиот гигант ќе се реализира до крајот на денешниот ден, а дека се е готово потврди и спортскиот директор на Лион, Жунињо, кој за француските медиуми изјави дека Депај се договорил со Барселонаи дека ќе замине од Лион.
„Да, Депај се договори со Барселона, ние нема да го криеме тоа. Можно е до крајот на денот тој да се пресели на „Камп Ноу“, изјави Жунињо.
Барселона почна со победа во новата сезона со 4:0 против Виљареал, па славеше против Селта со 3:0, но синоќа на домашен терен загуби значајни бодови играјќо нерешено со Севиља (1:1).

