Напаѓачот на Барселона, Мемфис Депај не брза да ја искористи понудата на клубот кој е подготвен бесплатно да го пушти играчот во зимскиот преоден рок.
28-годишниот Холанѓанец сака да му се исплати остатокот од договорната плата (до летото 2023 година) и очекува понуда од клуб кој настапува во Лигата на шампионите. Во спротивно, Депај ќе остане во Барселона до крајот на договорот, пренесува „Sport.es“.
Мемфис Депај се приклучи на Барселона со слободен трансфер во летото 2021 година. Оваа сезона напаѓачот на теренот има три натпревари и одигра 131 минута, постигнувајќи еден гол.