Во периодот од 14 до 17 Јуни, 2022 година, Фондацијата- „Марко Божиновски“ќе го реализира премиерното издание на Меморијалниот ракометен турнир – „МАРКО БОЖИНОВСКИ“, за ракометари до 18 години на кој ќе учествуваат осум младински екипи од Хрватска, Србија и Македонија.
Натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи а победниците ќе се сретнат за прво место додека второпласираните за трето итн.
Турнирот ќе се реализира во спортскиот центар „Ново Лисиче“, Општина Аеродром, кој од минатиот октомври е преименуван во С.Ц „Марко Божиновски“