Според привремениот менаџер на Лидс Ј., Мајкл Скубала, неговата екипа синоќа требаше да го победи Манчестер Јунајтед.
Лидс мораше да се задоволи со еден бод иако имаше предност од 2:0 на гостувањето на „Олд Трафорд“ во меч кој на крајот заврши 2:2.
„Тешко е да се игра против Манчестер Јунајтед на гостински терен. Тие се многу добар тим. Горд сум на настапот на играчите. Тие работеа напорно и мислам дека направивме доволно за да кажеме дека требаше да го добиеме натпреварот“, вели Скубала. Лидс моментално е на 16. место во Премиер лигата.