Дефанзивецот на португалската репрезентација, Нуно Мендеш, порача дека Кристијано Роналдо е добредојден во националниот тим. Мендеш истакна дека целиот тим ќе го пречека Роналдо со „раширени раце“, доколку тој одлучи да се врати.
„Ние сме среќни со секој играч. Ако Криш се врати, ќе го пречекаме со раширени раце“, изјави Мендеш.
Тој додаде дека Португалија има сплотен колектив и дека секој фудбалер кој моментално не е со тимот е добредојден.

