Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенаџамин Менди, во изминатите 12 месеца успеа да се израдува на дури 6 трофеи иако соочен со голем број на повреди речиси и не се појави на теренот.
Играчот кој пред две сезони дојде на „Етихад“ од редовите на Монако има вкупно 22 меча и дури шест трофеи од различни конкуренции. Французинот во дресот на „граѓаните“ освои две врзани шампионските титули во Премиер лигата, два трофеи во Лига купот и еден во Комјунити Шилд.
Црномурестиот фудбалер беше дел и од селекцијата на Франција на минатогодишниот Мундијал во Русија кога „триколорите“ станаа светски шампиони.