Весникот – „Дејли мејл“, тврди, дека голманот на Челзи, Едуард Менди, сериозно размислува да си замине од клубот.
Интернационалецот од Сенегал не е задоволен како се одвиваат работите на „Стемфорд Бриџ“ и планира да ја промени средината. Менди откако заработи повреда го загуби и првотимскиот статус.
Во меѓувреме, се појавија шпекулации дека тренерот, Потер, сака да го доведе голманот на Брајтон, Роберто Санчез. Тој одлично ги знае квалитетите на 24-годишниот Шпанец и сака повторно да соработува со него.