Играчот на Реал Мадрид Ферлан Менди е повреден и нема да игра за својата екипа против Атлетико Мадрид, објавија медиумите во Шпанија.
Француски репрезентативец има повреда на левата нога. 24-годишниот лев бек се очекува да биде во игра за период од две до три недели. Во текот на денешниот ден, Менди не тренираше со своите соиграчи, кои се подготвуваат за утрешниот натпревар од „Ла Лига“ против Осасуна. Атлетико Мадрид е домаќин на Реал Мадрид на 28 септември.
Реал Мадрид во моментов е на второто место на табелата со 11 поени исто како и Атлетик Билбао.