Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити – Бенџамин Менди, има намера да побара парична отштета од „граѓаните“ за неговото отстранување од тимот додека беше осомничен за силување.
Тој во еден период беше елиминиран од списокот на англичаните и остана без финансиски примања.
Менди на 14 јули беше ослободен од сите обвиненија а само неколку денови подоцна замина во Лориент. 29-годишниот Французин треба да остане во Лига 1 до 2025 година.