„Sky Sports“ објави дека челниците на Челзи му понудиле нов договор на голманот, Едуард Менди и дека преговорите ќе продолжат и во наредниот период.
30-ет годишниот чувар на мрежата игра за „сините“ од сезоната 2019-2020 кога го напушти францускиот состав Рен. Тој има тековен договор со екипата од „Семфорд Бриџ“ до 2025 година, но, не сака да го обнови бидејќи не е задоволен од финансиските услови.
Менди кој е репрезентативец на Сенегал, претходно бранеше и за Олимпик Марсеј.