Поранешниот крилен напаѓач на Милан, Пари Сен Жермен и Рома, Џереми Менеш, ќе потпише договор со италијанскиот фудбалски состав Реџина, јавуваат локалните медиуми.
33-годишниот фудбалер кој во сезонава беше дел од францускиот второлигаш Париз, вчера го раскина договорот со клубот. Според медиумите во Италија, ќе се пресели во Реџина, која се натпреварува во Серија Ц – или трето ниво на италијанскиот фудбал.
Неговиот нов состав е лидер во групата и најверојатно за наредната сезона ќе обезбеди промоцијата во Серија Б.

