Фудбалерот на Реал Сосиедад, Микел Мерино успешно ги помина медицинските прегледи во Арсенал.
Според информациите зделката е склучена и двата клуба се веќе во фаза на размена на документи. Арсенал за својот нов играч ќе плати 32 милиони евра и 5 милиони бонуси.
Микел Мерино има 28 години. Играчот од средниот ред ќе потпише договор до јуни 2028 година, со опција за уште една сезона

